Google неодамна ја објави бета верзијата за Android 12, која е достапна за преземање за сите оние кои се заинтересирани, а судејќи според најновите податоци, има многу такви.

Според наводите на Дејв Бурк, потпретседател на инженеринг за Android во Google, Android 12 бета верзијата е најпреземаната и инсталирана бета во историјата на Android. Со оглед на тоа дека во светот постојат над две милијарди корисници на Android, интересно е што голем број од нив се заинтересирани за бета платформата.

Засега не е познато што конкретно ги привлекува да ја инсталираат и испробаат Android 12 бета. Платформата пристигнува со промени, како што е дизајнерскиот јазик, кој Google го нарекува Material You. Тука се и големиот број нови функции, што е и очекувано за големо ажурирање.

Android 12 бета 2 е моментно достапна за преземање на сите кои сакаат да ја испробаат следната верзија на платформата на Google за мобилни уреди.