Ваквите сигнали кои што телото на некој начин ви ги испраќа, никако не смее да ги игнорирате.

Поголемиот дел од настинките и респираторните инфекции поминуваат брзо и лесно, иако за жал понекогаш инфекциите на горните дишни патишта можат да се развијат во воспаление на белите дробови.

И, што е уште поопасно, во некои од случаите не е лесно веднаш да препознаете дали станува збор за пневмонија.

Ова се главните знаци кои укажуваат на тоа:

Забрзан пулс

Првата работа која што треба да ве предупреди е забрзаната работа на вашето срце. Измерете го вашиот пулс, па доколку истиот е поголем од 100 во минута, во состојба на мирување, тогаш треба да посетите доктор – можеби имате воспаление на белите дробови.

Болка во градите

Доколку инфекцијата се прошири на белите дробови, може да се развие неподнослива болка во градите.

Ќе почувствувате болка во текот на нападите на кашлица…

Продуктивна, исцрпувачка кашлица

Продуктивната кашлица е добра, затоа што му помага на телото да се ослободи од слузта. Но, доколку кашлицата постојано е влажна, но не носи чувство на олеснување (барем на кратко), тогаш треба да посетите доктор.

Траги од крв

Доколку течноста која што излегува од вашата уста во текот на кашлицата е обоена со капки крв или пак има црвенкаста нијанса на боја, тоа е сигурен знак дека инфекцијата влегла во вашите бели дробови. Итно треба да посетите доктор.

Чувствување студ

Високата температура и студот се најсигурни знаци на воспаление на белите дробови. Не занемарувајте го тоа!

Отежнато дишење

Тешкотии при дишењето – уште еден симптом на воспаление на белите дробови кој не смее да го игнорирате. По правило се појавува кога инфекцијата веќе се проширила длабоко до белите дробови и потребна е итна интервенција.