Имплементирана е долгоочекуваната, но едноставна поправка за табели.

Microsoft ги подобри Automatic Data Conversion поставките во рамките на својот софтвер Excel, поправајќи го проблемот што ги збунува научниците со години.

Во текот на долг период, научниците беа принудени да преименуваат неколку гени за да спречат Excel да не ги толкува погрешно како различни формати, како што се датумите.

Сега има нова поставка во софтверот за табеларни пресметки што спречува автоматска конверзија на податоци (опција која досега се покажа како прилично бескорисна за некои корисници).

Научниците, на пример кои работат со генски кодови, можат да одат во File > Options > Data > Automatic Data Conversion, за да оневозможат некои видови на автоматски конверзии.

Споменатите промени во моментов се доставуваат до корисниците на Excel на платформите Windows (Version 2309, Build 16808.10000) и macOS (Version 16.77, Build 23091003).