Microsoft Edge браузерот кој е заснован на Chromium платформата им е достапен на корисниците од јануари. Компанијата  својот прегледник досега го нудеше само преку рачно преземање и Edge немаше некои функции. Сега целосната верзија на освежениот Edge е достапна како дел од Windows Update, овозможувајќи им на корисниците полесно да ги иксусат новите функции и подобрувања.

Бидејќи ја дели кодната база за Chrome, Edge сега е доста сличен со прегледникот на Google – подобрена е компатибилноста со сајтовите, како и перформансите. Некои корисници забележуваат и дека Edge троши помалку ресурси од Chrome. Прегледникот на Microsoft сега може да покрениува и екстензии, кои се наоѓаат во Microsoft Store.

Инсталацијата на Edge преку Microsoft Update автоматски ќе ги префрли подесувањата, bookmarks и другите функции, што би требало да го направи пофлуиден процесот на надградба.