Неодамна се појавија информации дека HMD Global планира да претстави неколку нови телефони од средниот и долниот сегмент на пазарот, во текот на IFA саемот во Берлин. Сега компанијата навести уште еден настан, во рамките на кој ќе претстави нови теелфони, а кој се одржува на 4. август во Кина.
Според неофицијални информации, се очекува дека ќе го видиме Nokia TA-1258 модел, кој неодамна доби TENAA сертификат. Во прашање е достапен модел со 5,99-инчен HD+ екран, една 8MP задна камера и 3000mAh батерија. Го покренува Unisoc SC9863 чипсет, во комбинација со 3GB RAM и 32GB простор за складирање.
Останува да се види уште кои Nokia телефони ќе бидат претставени во текот на настанот. Компанијата се уште не ги објави долгоочекуваните Nokia 9.3 PureView и Nokia 8.3 модели, кои се одложени веќе два пати досега.
Претходните информации сугерираа објава на Nokia 2.4 (кодно име Wolverine), како и Nokia 6.3 и 7.3 моделите од средниот сегмент во текот на IFA саемот во Берлин.