Според информациите на добро познатиот дојавувач Digital Chat Station, Xiaomi работи на телефон што ќе поддржува 200W полнење преку кабел, безжично полнење и обратно безжично полнење, а ќе има батерија од 5000mAh.

Извештајот сугерира дека објавата на уредот е планирана за втората половина на годината, но сите индикации укажуваат на дека тоа дека би можело да се работи за моделот Xiaomi Mi 11 Ultra, што се очекува порано.

Xiaomi Mi 10 Ultra минатата година нудеше поддршка за полнење од 120W и беше телефон што во тоа време најбрзо ја полнеше батеријата. Поради тоа, би имало смисла неговиот наследник да овозможи уште побрзо полнење на батеријата.

Засега, во 2021 година, Vivo iQOO 7 и Nubia Red Magic 6 Pro успеаја да имплементираат брзина на полнење од 120W, која ја имаше минатогодишниот Xioami телефон.