Јапонскиот производител Sony планира да ги претекне своите конкуренти во мобилната индустрија со премиера на паметен телефон кој има шест задни камери. Уредот за кој се работи, исто така, има две камери за селфи и видео повици на предната страна.

Информацијата беше објавена на Twitter од популарниот „Max J“. Тој тврди дека Sony веќе тестира прототип на сличен смартфон, но целиот проект се уште се наоѓа во почетна фаза.

Се уште не е познато кои други технички спецификации ќе ги има овој модел. Премиерата на паметниот телефон со шест задни камери дефинитивно ќе им се допадне на многу луѓе и тоа би можело да ја промени нашата идеја за мобилна фотографија.

Како заклучок, може да се забележи дека Sony отсекогаш имал репутација на производител кој ги создава најдобрите камери во светот и овој факт ја прави оваа идеја уште поатрактивна и интересна.