Play Store конечно добива нов изглед, а овој пат Google се фокусира на веб верзијата на својата продавница за апликации.

Новиот дизајн е забележан од различни извори и драстично се разликува од претходните дизајни на веб-страницата.

Наместо пренатрпан, квадратен изглед, новата страница имплементира повеќе Material  дизајн елементи, со заоблени рабови и го отфрла полето за навигација.

Поставките, управувањето со апликациите и другите елементи сега може да се пронајдат кога ќе се кликне на корисничката фотографија, нешто слично како на мобилната верзија.

На врвот е избор за филтрирање на апликациите по тип на уред, што ќе го олесни пронаоѓањето на она што ви треба за одреден уред.

Генерално, корисничкиот интерфејс изгледа почист и е полесен за навигација.

Новите промени моментно се активни само во неколку земји (Јужна Кореја и Тајван), а промените во дизајнот не се достапни во некои делови од страницата, како што е библиотеката со апликации.

Play Store не доби редизајн со години, па затоа е убаво да се види дека Google конечно и дава помодерен изглед на својата услуга.