Се појавија нови фотографии, кои го прикажуваат можниот дизајн на претстојните iPhone 12 модели на Apple. Фотографиите ги прикажуваат iPhone 12 и iPhone 12 Pro во големини од 5,4-инчи, 6,1-инч и 6,7-инчи, а сите модели доста потсетуваат на iPhone 4.

Фотографиите на прототипите на iPhone 12 линијата почнаа да се појавуваат благодарение на производителите на заштитните маски, а ја покажуваат секоја варијанта на iPhone 12 и iPhone 12 Pro моделите.

Споменатите прототипи не даваат информации за голем број детали на претстојната iPhone линија, а на популарните онлајн продавници веќе можат да се купат заштитни маски, иако од објавата на новите телефони на Apple не делат еден или два месеци.

Деталот по кој ќе се разликуваат годинашните iPhone модели е технологијата на камерите. Двата повтини модела ќе користат систем со две камери, додека iPhone 12 Pro линијата ќе има три камери и LiDAR Scanner на задната страна.