Испораките на iPhone во Кина, најголемиот пазар на телефони во светот, скокнаа за 20% на годишно ниво во првиот квартал од 2026 година.

Силните перформанси на Apple се случија и покрај тоа што вкупниот пазар на паметни телефони во земјата падна за 4% во истиот период, објави Ројтерс.

Растот на Apple беше најбрз меѓу водечките производители, додека Huawei исто така оствари плус од 2%, спротивставувајќи се на негативниот тренд на пазарот, според податоците од Counterpoint Research.

И покрај многу поскромниот раст, Huawei го задржа својот најголем пазарен удел во Кина од 20%, додека Apple беше веднаш зад нив со удел од 19%. Аналитичарите велат дека Apple има предност пред своите конкуренти бидејќи кинеските потрошувачи ги сметаат неговите уреди за потрајни и поекономични, и покрај повисоките цени.

„Во време кога повеќето конкуренти ги зголемуваат цените, Apple се издвојува по својата вредност – кинеските потрошувачи знаат дека нивните производи ќе траат најмалку три години“, рече Иван Лам, виш аналитичар во Counterpoint Research.

Xiaomi претрпе најголем пад во првиот квартал од 2026 година, при што испораките во Кина се намалија за дури 35 проценти. Аналитичарите го припишуваат падот на високиот базен ефект од минатата година, кога компанијата имаше корист од агресивни попусти и владини субвенции.

Другите клучни играчи имаа мешани резултати, при што Vivo регистрираше зголемување на испораките од 2 проценти, додека Oppo забележа пад од 5 проценти, а Honor пад од 3 проценти.