Еден месец по објавата во Кина, Xiaomi Mi 10 и Mi 10 Pro официјално ќе пристигнат на европските пазари. Mi 10 ќе има почетна цена од 799 евра за 8GB / 128GB верзијата, а тука е и 6GB/256GB модел по цена од 899 евра. Mi 10 Pro ќе чини 999 евра за 8GB/256GB модел.

Двата Xiaomi Mi 10 смартфона имаат 6,67-инчен AMOLED закривен дисплеј, со FHD+ резолуција, 90Hz освежување и punch-hole отвор за 20MP селфи камера. Тука е и сензорот за отпечатоци од прсти вграден во екранот, додека односот на страници е 19,5:9.

Уредите ги покренува Snapdragon 865 чипсет со X55 5G модем, заедно со до 12GB RAM и 256GB простор за складирање. Заедничко за двата модела е и главна камера од 108MP со OIS поддршка, способна за снимање видеа во 8K резолуција.

Најголемите разлики помеѓу Mi 10 и Mi 10 Pro моделите се во преостанатите камери на задната страна. Mi 10 pro има 8MP телефото сензор со 10X хибридно зумирање, како и 12MP телефото модул со 2x оптички зум и 20MP ултраширок сензор. Стандардниот Mi 10 пристигнува со 13MP ултраширок, 2MP макро и 2MP сензор на длабочина.

Уште една главна разлика е капацитетот на батеријата, па Mi 10 има 4780mAh батерија со полнење до 30W, додека Mi 10 Pro има 4500mAh, која се полни со брзина до 50W. Двата уреда поддржуваат 30W безжични брзини на полнење и 5W обратно безжично полнење.