Google почна да испраќа покани до медиумите за хардверски настан на 15-ти октомври, на кој очекуваме компанијата да објави куп нови производи.

Како што можете да претпоставите, тогаш ќе дознаеме сè за паметните телефони во серијата Pixel 4, но веројатно ќе ги видиме Pixelbook 2 и новите звучници во серија Google Home.

Еден месец пред настанот, веќе знаеме скоро сè за паметните телефони Pixel 4 и Pixel 4 XL, а видовме и нивни фотографии, па дури и видеата.

Уште понеобична беше одлуката на компанијата во јуни да ни покаже како ќе изгледа задниот дел од серијата, а еден месец подоцна се откри и присуството на систем за препознавање на лицето и сензори за контрола на гестови.

Настанот ќе се пренесува во живо на YouTube на 15 октомври на каналот на Google.