Огромното мнозинство вработени во технолошката индустрија денес користат вештачка интелигенција во својата секојдневна работа, според ново истражување на американската технолошка компанија Google.
Според резултатите од анкетата спроведена меѓу 5.000 ИТ професионалци ширум светот, дури 90 проценти од испитаниците изјавиле дека користат алатки базирани на вештачка интелигенција, што е за 14 проценти повеќе од минатата година, објавува CNN.
Испитаниците најчесто ја користат вештачката интелигенција при пишување и модифицирање на код, но и за автоматизирање на одредени процеси во развојот на софтвер. Сепак, експертите немаат целосна доверба во работата на вештачката интелигенција.
Речиси половина од испитаниците изјавиле дека само „донекаде“ веруваат во кодот генериран од вештачката интелигенција, додека 23 проценти изјавиле дека „многу малку“ ѝ веруваат. Само 20 проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека „целосно“ веруваат во таков код.
Воведувањето на вештачката интелигенција во ИТ ја отежна ситуацијата за почетниците во овој сектор. Стапката на невработеност кај дипломираните студенти по компјутерски науки сега е поголема отколку во области како што се историјата на уметноста и англискиот јазик.
Бројот на огласи за работа во софтверско инженерство на Indeed се намалил за дури 71 процент помеѓу февруари 2022 и август 2025 година. Експертите нагласуваат дека вештачката интелигенција не може да ги замени сите фази од развојот на софтвер, но значително ги забрзува рутинските задачи.