Собраните податоци од долгогодишните истражувања на NASA на површината на Марс нудат многу можности за запознавање на „црвената планета“. Една од нив е оваа анимација на површината на планетата, која за момент ќе ве однесе над непознатиот свет на Марс.

Визуелниот уметник Шон Доран ја креираше оваа анимација со собраните податоци од HiRISE камерата од Mars Reconnaissance Orbiter (MRO). Се разбира, не се работи за видео снимка туку за слики кои со напорна работа се споени во едно видео кое трае нешто повеќе од 2 минути.

https://youtu.be/XZc6ictXuIo