Xiaomi подоцна во текот на неделата (4. март) официјално ќе ја објави својата Redmi Note 10 серија телефони во Индија, која ќе се состои од неколку уреди – од стандардниот модел Redmi Note 10 до Redmi Note 10 Pro Max. Гласините за претстојните уреди се појавија во последните месеци, но се до денеска немаше официјални информации.

Сега Ману Кумар Јаин, директор на дивизијата Xiaomi India, на Twitteru објави дека RedmiNote серијата конечно преоѓа на AMOLED панели со претстојната Redmi Note 10 линија. Се работи за Super AMOLED дисплеи, за прв пат во некој смартфон на Redmi Note. Објавата вклучува и кратко видео, кое ги прикажува резултатите од анкетата, која пд корисниците бара да изберст помеѓу 120HZ LCD панел и стандардниот AMOLED екран. Значајно поголем број корисници избраа AMOLED, а изгледа дека Xiaomi одлучи да ги задоволии желбите на купувачите.

Моментно не е е познато дали некој од уредите во претстојната линија ќе има екран со повисока стапка на освежување, а судејќи според претходните гласини, можно е дека Redmi Note 10 Pro Max ќе има 120Hz Super AMOLED дисплеј.

Претходните информации сугерираа дека
Redmi Note 10 Pro ќе биде 4G уред, со поддршка за MIUI 12 од стартот. Ќе има 120Hz панел со MEMC технологија и систем со четири камери на задната страна (64MP главна). Ќе има 5050mAh батерија и Qualcomm SM7150 платформа (Snapdragon 732G).

Стандардниот Redmi Note 10 би требало да има 6.53-inčni FHD+ дисплеј, bateriju од 5900mAh, неименуван осмојадрен процесор со 2GHz такт, до 8GB RAM и до 256GB простор за складирае. Телефонот ќе има и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката, три задни камери, 3.5mm приклучок и друго.