Samsung Electronics очекува пад поради доцнења во испораките на напредни чипови.

Оперативната добивка на јужнокорејската компанија Samsung Electronics би можела да падне за дури 39 проценти во вториот квартал од 2025 година на околу 4,62 милијарди долари, според прогнозата на LSEG.

Падот на профитот во голема мера се должи на доцнењата во испораките на напредни мемориски чипови за компанијата Nvidia, сигнал што би можел да ги загрижи инвеститорите, објави „Ројтерс“.

Samsung е зависен од кинескиот пазар, кој е под зголемени технолошки ограничувања од САД, додека процесот на сертификација на неговиот чип HBM3E кај Nvidia се одвива побавно од очекуваното, објави „Ројтерс“.

„Приходите на Samsung Electronics од напредните HBM чипови веројатно останаа непроменети во вториот квартал, бидејќи забраната за продажба во Кина останува на сила, а испораките од Nvidia сè уште не се започнати“, рече Рју Јонг-хо, виш аналитичар во NH Investment & Securities.

Акциите на Samsung пораснаа за 19 проценти од почетокот на годината, но сè уште заостануваат во однос на поширокиот пазар – индексот KOSPI на берзата во Јужна Кореја порасна за 27,3 проценти во истиот период.