Xiaomi претходно истакна дека ќе биде првата компанија што ќе претстави премиум телефон со најновиот премиум чипсет на Qualcomm – Snapdragon 888. Сега го знаеме официјалниот датум на објавување на смартфонот, а тоа е 28 декември. Xiaomi Mi 11 најпрво ќе биде објавен во Кина, а според компанијата ќе го красат многу напредни одлики.

Mi 11 се очекува да пристигне во две варијанти – стандардниот модел ќе биде наменет за сите кои сакаат достапен премиум телефон, додека Pro верзијата ќе ги имплементира сите најнови технологии.

Кога станува збор за спецификациите, Xiaomi Mi 11 Pro треба да има QHD+ дисплеј со брзина на освежување од 120Hz, главна камера од 50MP и телефото модул од 12MP. Другите протечени информации укажуваат на целосно нов дизајн на камерите на задната страна и опција за побрзо полнење во споредба со претходниот модел.