Технологијата на мини-LED дисплејот се очекува да обезбеди слични карактеристики како OLED, со тоа што не би требало да дојде до burn-in ефекти. Овие монитори се наменети исклучиво за професионалци на кои прецизноста на боите им е многу важна.

Покрај трите монитори од P серијата со 24 и 34-инчни дисплеи и USB-C конекција, Dell го најави и UltraSharp 32 HDR PremierColor Monitor или UP3221Q. Компанијата наведува дека првиот таков монитор во светот ќе има HDR 1000 поддршка, а 4K IPS панелот на UP3221Q би требало да го усреќи секој креативец. Исто така, мониторот доаѓа со вграден калиброметар од Калман. Од специјалните опции, се издвојува „слика во слика“, што овозможува поврзување на два компјутера и истовремена репродукција на содржината на мониторот.

Сепак, UP3221Q не чини како просечниот монитор. Во споредба со Pro Display XDR мониторот на Apple од 5000 долари, моделот на Dell има предност, бидејќи постољето не мора да се купува засебно. Мониторот ќе биде пуштен во продажба од 5. ноември