Сонцето почна да ги уништува сателитите Starlink на Илон Маск, што предизвика загриженост кај научниците.
Како што Сонцето го достигнува својот соларен максимум, врвот на својот 11-годишен циклус, сме сведоци на значително зголемена активност на ова небесно тело.
Зголемената активност на Сонцето и неговите соларни ерупции предизвикаа геомагнетни бури на Земјата, што резултираше со појава на поларни светлини (Аурора Бореалис и Аустралис).
Ова е особено турбулентна фаза на магнетна активност, при што секоја соларна бура носи потенцијал за нарушување. Се чини дека најновата „цел“ на Сонцето се сателитите на Маск.
Соларните бури ја загреваат атмосферата на Земјата, предизвикувајќи ширење на планетата, што резултира со зголемено оптоварување на сателитите што орбитираат околу нас.
Во разговор за NewScientist, Дени Оливеира од NASA центарот изјави: „Откривме дека кога имаме геомагнетни бури, сателитите повторно влегуваат во атмосферата побрзо од очекуваното“.
Оливеира и неговиот тим го анализираа влијанието што го имаше ова врз Starlink, а нивното истражување откри дека за време на сончевиот максимум, животниот век на сателитите може да се намали до 10 дена.
Оливеира продолжи велејќи: „Ова е прв пат во историјата толку многу сателити повторно да влегуваат во атмосферата. За неколку години, тоа ќе се случува секој ден“. Ова се однесува на сателитите што повторно влегуваат во нашата атмосфера додека соѕвездието се надополнува со нови сателити.
Иако овие сончеви бури се лоши за сателитите на SpaceX, од друга страна, тие би можеле да имаат позитивни ефекти за компанијата, охрабрувајќи ја што е можно поскоро да ги отстрани „мртвите“ сателити од орбитата за да избегне закана за другите сателити.