Торент фајловите одамна станаа омилено средство на онлајн популацијата, и веќе скоро две деценции служат за споделување на фајлови. Меѓу нив се кријат и оние кои постојат прилично долго, па TorrentFreak неодамна објави дека најстариот фајл од овој тип го прославил 15. роденден, а се работи за краток филм кој се базира на култното остварување The Matrix, наречен The Fanimatrix.

Имено, филмот во 2003. година го создадоа група пријатели од Нов Зеланд, за само 800 долари, и проектот го завршија за девет дена. Себастијан Каи Фрост, задолжен за IT во рамките на филмскиот проект, рече дека успеале конечниот фајл да го намалат на 150 MB, и дека хостингот бил премногу скап во тоа време, за наскоро да дознаат за BitTorrent, на кој го закачија својот фајл на 28. сепетмеври, 2003. година.

Фајлот потоа беше преземан 70 илјади пати за само една недела. На тој начин, филмската екипа сите овие години заштеди околу 550 илјади долари кои би ги потрошила на хостинг, а благодарение на BitTorrent, кој оттогаш го чува нивното дебитантско дело.