Оние корисници на телефони со оперативен систем Android што ја имаат верзијата 2.3.7, односно последната верзија на Gingerbread, или постара верзија, наскоро нема да може да се вклучат на профилот на Google.

Корисниците на споменатите верзии на Android нема да може да се вклучат во профилот на Google од 27 септември.

Од компанијата известиja дека корисниците со постари верзии на Android кои ќе се обидат да го користат уредот со профил на Google по 27 септември би можеле да добијат известување за погрешно корисничко име или лозинка. Тие нема да може да користат услуги на Gmail, YouTube или Google Maps и други апликации од пакетот на Google.

Целта е да се зачува сигурноста на корисниците, изјавиле од компанијата.

Верзијата 2.3.7 на Android се појави пред 10 години. Уредите што користат верзија 3.0 засега нема да имаат проблеми.

Извор: Klix.ba