Во среда на 26 мај, Toyota Mirai тргнала од хидрогенската станица HysetCo во Орли, поминувајќи 1.003 километри. Зад воланот бил Викториен Ерусард, заедно со членовите на Toyota Motor Europe и Toyota France

Километражата воглавно е помината на отворен пат, јужно од Париз. Просечната потрошувачка на водород за време на рекордното возење била 0,55 грама на километар. Трите резервоари на Mirai можат да соберат 5,6 килограми водород.

Треба да се напомене дека гасот користен за поставување на рекордот бил целосно од зелени извори.

Меѓу четворицата возачи кои седеле зад воланот на Mirai се издвојува Викториен Ерусард, основач и капетан на Energy Observera, чиј партнер е Toyota. Тоа е првиот пловен објект опремен со водородни горивни ќелии на јапонскиот гигант, систем за автономно движење, со секако нулта емисија.

Како организација што комбинира пловидба и иновации, Energy Observer го претстави своето ново изложбено село, посветено на обновлива енергија и водород во Париз, со поддршка на „Градот на светлината“. Овој настан, наречен „Париз на водородот“ (The Paris of hydrogen), се одржа на Шамп-де-Марс од 20 до 30 мај, кога Ајфеловата кула беше осветлена со енергија добиена од зелен водород.

Извор: Додај Гас