Очигледно, серијата Galaxy S24 ќе добие една од подобрите карактеристики со вештачка интелигенција.

Иако деновиве се појавија песимистички вести, кои сугерираат дека постарите телефони Galaxy нема да добијат некои од функциите на AI што ги носи One UI 7, сега има добри вести.

Новите извештаи споменуваат дека серијата телефони Galaxy S24 најверојатно ќе ја добијат една од најдобрите функции на One UI 7 – Audio Eraser.

За оние кои не знаат, Audio Eraser ви овозможува да го прилагодите звукот или целосно да отстраните одредени звуци од видеото (на пример, ветер, звук на автомобил што поминува итн.).

Според објавата на платформата X, гореспоменатата функција ќе стане достапна за серијата Galaxy S24 кога ќе биде објавено ажурирањето на One UI 7.0.

Покрај тоа, функцијата Best Face доаѓа и со One UI 7.0 за сериите на телефони Galaxy S24, S23 и S22. Од друга страна, опцијата Log Video е потврдена само за Galaxy S24 Ultra и не се знае дали ќе ја добијат стандардните модели S24 и S24+.