Samsung претстави две нови SD картички што се наменети за фотографите, кинематографите и креаторите на содржини на YouTube.

Samsung PRO Plus моделот може да се пофали со секвенцијални брзини на читање на содржините од 100 MB/s, додека секвенцијалните брзини на запис на податоци се нешто пониски и изнесуваат 90 MB/s. Ова важи само за SDXC форматот, додека SDHC варијантата на PRO Plus картичката нуди брзини до 60 MB/s за запис на податоци.

Од друга страна, Samsung EVO Plus нуди поконстантни брзини на пренос на податоци, што изнесуваат до 100 MB/s и за читање и за запис на податоци, а важат за SDXC и за SDHC картичките.

Во пракса, ова значи дека PRO Plus и EVO Plus SD картичките ќе можат да ги поддржуваат најпопуларните модови на фотографирање/снимање на DSLR и Pro апаратите. Двете картички поддржуваат 4K UHD снимање видео, како и burst фотографирање. EVO Plus поддржува и флуидно репродуцирање кога се обработува 4K видео.

Samsung PRO Plus и EVO Plus SD картичките ќе бидат достапни од овој месец, во капацитети од 32GB до 256GB.