Компанијата Netflix објави дека работи на тестирање на новата опција Shuffle Play, која би можела да им помогне на корисниците при пронаоѓањето содржини за гледање, баш во моментот кога ни е достапна огромна количина содржини на стриминг сервисите.

Врз основа на фотографиите кои кружат на интернет, копчето за Shuffle Play се наоѓа точно на средина од екранот на профилот. Можете да кликнете на копчето и да се надеваме дека ќе добиете содржина која можеби би сакале да ја погледнете.

Според објавените информации, Netflix има желба да им приушти на корисниците поинакво искуство, и да им заштеди време при пронаоаѓање содржини за гледање, а попатно на оние кои сакаат да погледнат нешто сосема поинаку, да им пружи прилика да ги откријат скриените богатства на популарната стриминг платформа.

Netflix при ваквите пребарувања ги зема во обзир насловите и содржини кои корисниците дотогаш ги гледале, како и оние кои ги сочувале да ги гледаат подоцна. Оваа функција, исто така, ќе биде во можност да репродуцира случајни епизоди од сериите кои корисникот моментно ги следи. Основната идеја е корисниците брзо и лесно да стигнат со содржина која е прилагодена на нивниот вкус. Опцијата Shuffle Play е тестирана минатиот месец, но само за ТВ апликацијата и тоа за избраните корисници ширум светот.