Англискиот универзитет Шефилд и компанијата Оптеран работат заедно на проект на вселенски робот контролиран од алгоритам за вештачка интелигенција, базиран на мозок на инсект.
Оптеран објави партнерство со Ербас, најголемата европска воздухопловна компанија, како и со Обединетото Кралство и Европската вселенска агенција, за тестирање на платформата на Оптеран во роботски ровер за истражување на Марс, произведен од Ербас, пишува лондонскиот Тајмс.
Англиска компанија основана во 2012 година од двајца научници развила систем за вештачка интелигенција за роботика и тврди дека нивниот прототип е поробустен и полесен од другите, бидејќи е базиран на модел на мозок од природниот свет.
„Она што го направивме е детално да ја проучуваме биологијата на мозокот и да дизајнираме општ принцип за секоја машина што се движи. Ја користиме предноста од 600 милиони години еволуција за да создадеме нешто што го нарекуваме невроморфен софтвер за машини. Тоа е радикално нов научен пристап кон вештачката интелигенција. Се надевам дека оваа технологија ќе биде успешно применета на МарсСпоред него, работата на вештачката интелигенција е сведена на обработка на огромни количини на податоци.
„Поставивме многу едноставно прашање: што направи природата? Нурнавме во мозокот на инсекти како пчели, мравки и муви за да дознаеме“, вели Рајан.
Компанијата Оптеран вработува 45 луѓе, од невролози и компаративни биолози до луѓе од ИТ секторот.
Оптеран во 2022 година собрал средства во износ од 12 милиони долари од група инвеститори, а вкупната инвестиција досега од основањето на компанијата се проценува на 15 милиони долари., каде теренот и условите за работа се исклучително предизвикувачки“, рече Дејвид Рајан, извршен директор на Оптеран.
Поврзани артикли