Пред 15 години, компанијата Apple започна со продажба на првиот iPhone, револуционерен уред кој претходно му го претстави на светот легендарниот Стив Џобс.

Џобс го најави првиот iPhone на 9 јануари 2007 година, а продажбата на овој уред започна на 29 јуни.

„Apple iPad, мобилен телефон и интернет мобилен комуникатор… ова не се три различни уреди. Денес, Apple повторно го измислува телефонот“, рече Џобс.

Од неговото претставување, iPhone е во мисија да го промени светот и индустријата за мобилна технологија. Само 74 дена по почетокот на продажбата, Apple објави дека продал повеќе од еден милион примероци на iPhone. Првиот iPhone беше продаден за 499 долари.

Петнаесет години подоцна, iPhone целосно еволуираше, има супериорни перформанси, камери, нуди одличен iOS и App Store и многу повеќе.