Компанијата Meta ги забрани руските државни медиуми на своите платформи.
Американската група Meta, која ги поседува Facebook, Instagram и WhatsApp, соопшти дека им забранува на руските државни медиуми пристап до тие платформи ширум светот, „за да се избегне странско мешање“.
„По внимателно разгледување, ја проширивме нашата акција против руските државни медиуми“, објасни Meta за агенцијата Франс прес.
Одлуката за забрана е донесена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петокот ги осуди дестабилизирачките активности на рускиот медиум RT (Russia Today).
Блинкен оцени дека RT е претворена во огранок на руската разузнавачка служба во светот.
Поврзани артикли