Корисниците на WhatsApp, кои сакаат да ја префрлат својата историја на пребарување од Apple iPhone на телефон со Android и обратно, сега конечно ќе можат да го сторат тоа.

Мета, која е сопственик на WhatsApp, објави дека ги отстранила сите ограничувачки пречки кои го спречуваа процесот на пренос на податоци во минатото.

Најголемиот број корисници на телефони со Android, кои имаат уред Samsung, веќе имаа можност да ги префрлат своите податоци на WhatsApp од iPhone. Сега е овозможено и за телефони со Android од други производители.

WhatsApp ја потврди на Twitter можноста за пренос на историјата на разговори од Apple iPhone на телефон со Android и обратно. Апликацијата им ветува на корисниците „слобода да се префрлат на и од нивните претпочитани уреди“.

Популарната услуга значително го поедностави процесот на префрлување разговори од платформа на платформа, благодарение на апликацијата Move to iOS достапна за Google Play Store и апликацијата Switch to Android достапна на Apple App Store.