Дали знаевте дека Excel има вградена функција која ви овозможува да направите слика од што било во одредено поле, а потоа таа слика автоматски да се ажурира кога ќе ги промените податоците?
Тоа е алатка наречена „Camera“, која може да биде исклучително корисна, но мора да ја вклучите бидејќи стандардно не е така.
Значи, не е функцијата „Screenshot“, туку „Camera“ и се разликуваат по тоа што „Screenshot“ не може да создава поврзани слики.
Еве како да ја вклучите камерата на Microsoft Excel:
- Стартувајте го Excel
- Отворете го почетниот екран (приказ “Backstage”) во програмот Excel од менито
- Изберете “Options”
- Во Excel Options отворете ги поставките за лентата со алатки “Quick Access Toolbar”
- Изберете го паѓачкото мени за “Choose commands from” а потоа “All Commands”.
- Под “All Commands” изберете “Camera”.
- Кликнете Add за да ја додадете камерата во “Quick Access”.
Пример за употреба:
- Отворете ја табелата со податоците што сакате да ги зачувате и копирајте некаде
- Изберете опсег на податоци или графикон и кликнете на „Camera”
- Отворете Sheet list во кој ќе ги копирате податоците и изберете го местото каде што ќе го направите тоа
- Стрелката ќе се смени во мал крст и ќе ја користи за залепување на снимката (или податоците)
Можете да користите „Picture“ за да видите кои се опции за обликување ви се достапни, доколку сакате да го промените изгледот на податоците.