Откако пред неколку дена се појавија фотографиите од Huawei P50 Pro, сега реномираниот дојавувач @OnLeaks ни дава и увид во дизајнот на стандардниот Huawei P50 телефон. CAD рендерите укажуваат на уште неколку видливи разлики помеѓу Huawei P50 и P50 Pro моделите.

Huawei P50 ќе има центриран punch-hole отвор во предниот панел наместо издолжен отвор кај Pro моделот. Покрај тоа, P50 ќе има рамен панел, додека P50 Pro има закривени рабови.

OnLeaks истакнува дека димензиите на телефонот ќе бидат 156,7 x 74 x 8,3 mm (наспроти 159 x 73 x 8,6 mm кај Pro моделот), додека екранот ќе има големина од 6,3 инчи, во споредба со 6,6-инчниот екран на Pro верзија.

На задната страна, двата телефона изгледаат слично, со голем овален модул со кружни сензори на камерата. Нема информации за резолуцијата на камерата, иако извештаите од порано сугерираат дека P50 серијата би можела да биде прва која ќе користи 1-инчен Sony IMX800 сензор.

Претстојната Huawei P50 серија се очекува со најновиот Kirin 9000 чипсет, но достапноста на уредите од оваа серија може да биде лимитирана поради слабата залиха на споменати чипови.

Рендери за Huawei P50 Pro укажуваат на поинаков дизајн на камерите