Овој месец корисниците на Instagram во САД имаат поминато речиси исто толку време во апликацијата за Android, колку што и корисниците на Facebook одвоиле за прелистување во мобилната апликација. Ова го покажуваат новите податоци од истражувањето на онлајн маркетинг компанијата Similar Web.

Во јуни корисниците на Instagram имаат поминато во просек по 53 минути на ден во Android во јуни – само 5 минути помалку од времето, кое Facebook корисниците ја користеле мобилна апликација на социјалната мрежа. Спротивно на тоа, корисниците на Snapchat потрошиле просечно 49,5 минути на мобилната апликација со исто име.

Facebook, кој го купи Instagram во 2012 година, бележи зголемување на времето, поминато во користење на мобилната апликација на Instagram. Ако овој тренд продолжи, компанијата на Зукерберг ќе треба повеќе да се потпира на Instagram како средство за задржување вниманието и интересот на индивидуалните корисници. Плановите на технолошкиот гигант се во рамките на 2 милијарди луѓе за користење на мобилната апликација во рок од пет години. Корисничката база надмина 1 милијарда во јуни и таа се проширува со значителна брзина, поради нејзината популарност меѓу младите луѓе.