Дали знаевте дека Excel има вградена функција која ви овозможува да направите слика од што било во одредено поле, а потоа таа слика автоматски да се ажурира кога ќе ги промените податоците?

Тоа е алатка наречена „Camera“, која може да биде исклучително корисна, но мора да ја вклучите бидејќи стандардно не е така.

Значи, не е функцијата „Screenshot“, туку „Camera“ и се разликуваат по тоа што „Screenshot“ не може да создава поврзани слики.

Еве како да ја вклучите камерата на Microsoft Excel:

  • Стартувајте го Excel
  • Отворете го почетниот екран (приказ “Backstage”) во програмот Excel од менито
  • Изберете “Options”
  • Во Excel Options отворете ги поставките за лентата со алатки “Quick Access Toolbar”
  • Изберете го паѓачкото мени за “Choose commands from” а потоа “All Commands”.
  • Под “All Commands” изберете “Camera”.
  • Кликнете Add за да ја додадете камерата во “Quick Access”.

Пример за употреба:

  • Отворете ја табелата со податоците што сакате да ги зачувате и копирајте некаде
  • Изберете опсег на податоци или графикон и кликнете на „Camera”
  • Отворете Sheet list во кој ќе ги копирате податоците и изберете го местото каде што ќе го направите тоа
  • Стрелката ќе се смени во мал крст и ќе ја користи за залепување на снимката (или податоците)

Можете да користите „Picture“ за да видите кои се опции за обликување ви се достапни, доколку сакате да го промените изгледот на податоците.