WhatsApp моментно ја тестира функцијата која на корисниците на сервисот ќе им овозможи гледање на YouTube видео клипови во рамки на чет прозорецот, без потреба за тоа да се покренува посебна YouTube апликација за преглед на видео.

Функцијата овозможува видеото да се стартува во picture-in-picture прозорец, а истовремено нуди опции како што се pinch-to-zoom, full screen преглед и криење на видеото во тек за да се прочитаат пораките во четот.

Моментно, функцијата изгледа е достапна само на iOS платформата, а поддржаните уреди ги вклучуваат iPhone 6 и поновите модели. Засега не се забележани тестови за Android и Windows Phone WhatsApp клиентите.