Човек по име Ричард Велс објави видео на TikTok кое ги збуни луѓето откако тој тврдеше дека никој нема да го препознае неговото лице, но тие дефинитивно ќе го препознаат неговиот глас.

Имено, Велс го позајмува својот глас повеќе од 40 години и има учествувано на повеќе од 10.000 снимки, а откри дека гласот го позајмил за познат аудио клип кој се наоѓа во многу игри и се состои од два збора. Можете ли да погодите кои се тие?

Во клипот, кој собра повеќе од 11,2 милиони прегледи, Велс потврди дека тој е човекот кој го најавува PEGI 18 пред да започне видео играта, обично на почетокот откако логото на брендот ќе избледе на екранот и ќе исчезне од него.

@richardwells48♬ original sound – Richard Wells

Патем, PEGI е кратенка за Pan European Game Information, европска организација за класификација на видео игри која ги поставува стандардите за етикети за видео игри и им покажува на родителите и гејмерите што можат да очекуваат од нивното искуство, како и за која возрасна група е соодветна видео играта.

Што значи PEGI 18?

PEGI 18 значи експлицитен материјал наменет за играчи над 18 години. Оваа класификација се применува кога насилството ќе достигне ниво каде што има прикажување на грубост, гламуризирање на употребата на дрога, симулирано коцкање и експлицитна сексуална активност.