Како дел од својата месечна безбедносна надградба за Windows, Microsoft реши проблем што ги вознемируваше корисниците.

Месечното безбедносно ажурирање за Windows, попознато како Patch Tuesday, често пристигнува со некои проблеми или грешки, кои Microsoft понекогаш ги документира веднаш по објавувањето.

Септемвриското ажурирање, означено со KB5030211, првично немаше такви проблеми, но тие беа откриени подоцна. Еден проблем, не беше документиран бидејќи не беше класифициран како баг туку како неподобност.

Проблемот предизвикува автоматско инсталирање на апликацијата Windows Backup во работните системи на Windows 10 Pro 22H2 i LTSC, а тоа предизвикува проблеми за ИТ и системските администратори, бидејќи не работи правилно.

Корисниците беа фрустрирани и незадоволни поради тоа, а кога ќе се обидат да ја стартуваат апликацијата, таа ќе им даде порака: „Оваа функција не е поддржана во вашата компанија“.

Microsoft го идентификуваше проблемот и ја ажурираше својата страница за поддршка на Windows Backup за да потврди дека работи на поправка што ќе се појави во идното ажурирање на Windows.

Сега тоа ветување е исполнето, а Microsoft ја отстрани апликацијата која повеќе не се појавува во списоците „All apps“ и „Installed apps“.

Поправката пристигна како дел од ажурирањето на Patch Tuesday од јануари 2024 година, а исто така е достапно и во февруарската верзија.