Honor 10i телефонот минатиот месец се појави во Русија, а иако имаше слични спецификации како Honor 10 Lite, всушност во прашање е нов смартфон со три камери, 4GB RAM и 128 GB простор за складирање. Телефонот сега се појави на TENAA листинг, со броеви на моделите HRY-TL00T и HRY-AL00Ta, а изгледа сега во Кина ќе се појави со 6GB RAМ меморија.

Иако пристигнува со повеќе меморија, остатокот на спецификациите останува ист. Honor 10i ќе го покренува Kirin 710 чипсет, екранот е 6.21-инчен LCD со засек во облик на капка, во кој е сместена 32MP селфи камера. На задната страна се наоѓаат три камери (24MP f/1.8, 8MP f/2.4 ултраширок сензор и 2MP depth сензор).

HRY-TL00T варијантата се појавува само во 4GB/128GB опција, додека HRY-AL00T има повеќе опции на меморија: 4GB/64GB, 6GB/64GB и 6GB/128GB. Телефонот се очекува со Android Pie оперативен систем и EMUI 9.0 интерфејс, а очекуваната цена изнесува околу 270 евра.