Неодамна протече информацијата дека моделот Mi 9 на Xiaomi би требало да има систем од три камери на задната страна, а новите гласини сега ги откриваат целосните спецификации на паметниот телефон. 

Трите камери на Mi 9 ќе ја имаат следната конфигурација: главната стигнува со 48 MP сензор (Sony IMX586), додека останатите две се 12MP и 3D TOF камери.

Mi 9 ќе има 6,4-инчен 19:9 FHD+ AMOLED дисплеј, со засек во облик на капка, во рамки на која ќе се најде 24 мегапикселна селфи камера со Sony IMX576 сензор.

Телефонот ќе го покренува Snapdragon 855 чипсетот, опремен со X24 LTE модем, додека сензорот за отисоци на прсти ќе биде сместен под екранот.

Xiaomi Mi 9 ќе го користи Android 9 Pie со MIUI 10 интерфејс. Уредот ќе го напојува батерија со капацитет 3500mAh, со поддршка за 32W брзо полнење, но без можности за безжично полнење.

Комбинациите на RAM и простор за складирање на податоци почнуваат од 6GB/128GB верзија, која во Кина би требало да чини околу 436 долари / 383 евра.

Xiaomi Mi 9 би требало да биде достапен во текот на март, па се претпоставува дека би можел да биде преставен на Mobile World Congress во Барселона кон крајот на февруари.