Новите податоци за продажбата покажуваат дека клиентите сè уште ја ставаат ниската цена над премиум функциите.

На пазарот на паметни телефони во 2023 година доминираше Apple, поради што заземаа дури седум од десет места кога се во прашање најпродаваните телефони, покажуваат резултатите од истражувањето на аналитичката компанија Canalys.

На листата на најпродавани телефони честа на Андроид ја одбрани јужнокорејската компанија Samsung која имаше три уреди во Топ 10 за 2023 година.

Најдобро рангиран беше Samsung Galaxy A14 4G, кој се најде на 6-то место. Своето место под сонцето го најдоа и Samsung Galaxy A54 5G (8-мо место) и Samsung Galaxy A14 5G (9-то место).

При разгледувањето на табелата треба да се истакнат уште две интересни работи – првото место не го зазеде Apple со најновиот iPhone уред, туку со една генерација постар. Исто така, најпродаваниот Samsung беше Galaxy A14 4G, додека неговата 5G верзија заврши неколку места подолу.