Samsung и овој пат го докажа и оправда своето лидерско место во светот на паметните телефони. Започнувајќи ја оваа година со новата серија Galaxy S24, веќе сите зборуваат за новиот флегшип смартфон Galaxy S24 Ultra кој ги вклучува сите иновации со вештачка интелигенција (Galaxy AI*), што всушност е и најважниот адут претставен во оваа серија.

Со функциите како Помош за разговор (Chat Assist) која ги подобрува социјалните интеракции и Android Auto за побезбедно возење, како и алатките Заокружи за пребарување (Circle to Search), Помош за белешки (Note Assist) и Помош за транскрипција (Transcript Assist), Galaxy AI ги поедноставува секојдневните задачи и беспрекорно ја интегрира вештачката интелигенција во секојдневниот живот.

Ако вашата страст е истражувањето, тогаш ова е дефинитивно телефонот на кој треба да обрнете внимание. Држејќи го Galaxy S24 Ultra, можете да откриете сосема нова димензија на креативност, продуктивност и можности, а тоа е затоа што овој телефон има вештачка интелигенција која ви помага многу подобро да се движите низ светот околу вас. Најпрво, пристигна нов метод за пребарување кој се вика Заокружи и најди (Circle to Search) со чија помош додека се движите низ омилената социјална мрежа, можете да заокружите елемент од сликата со S Pen или со прстот и на тој начин веднаш да пребарувате и да добиете резултати од пребарувањето на Google.

Но, тоа не е сè, сега можете да составите и текстуална порака користејќи ја функцијата со вештачка интелигенција Помош за разговор Chat Assist, при тоа изразувајќи го вашиот став на професионален, пријателски или официјален тон. Сепак, без разлика дали пишувате покомплексна содржина или само запишувате нешто кратко, функцијата Note Assist ќе ве спаси од многу проблеми бидејќи можете само да започнете да пишувате, а подоцна да форматирате сè во концизен, прегледан текст. Слично на тоа, кога пребарувате стари белешки, новите насловни страници се прикажуваат како брз преглед – така што екранот изгледа организирано и лесно можете да го пронајдете она што го барате.

Galaxy S24 Ultra работи со најновиот кориснички интерфејс One UI 6.1, базиран на оперативниот систем Android 14. Сепак, веста која гласно одекна на пазарот е дека најновите телефони на Samsung од серијата Galaxy 24 ќе добијат дури 7 нови верзии на Android и 7 години безбедносни закрпи – нешто што корисниците не го очекуваа и навистина пријатно се изненадија

Покрај феноменалните перформанси, кои овозможуваат сосема ново корисничко искуство и овозможуваат увид во светот на најмодерната технологија, моделот Samsung Galaxy S24 Ultra може да се пофали и со прекрасниот дизајн кој е нагласен со препознатливиот облик на моделот Ultra со „остри“ рабови, екран од 6,8 инчи, и за прв пат кај Galaxy телефон уште повеќе е зголемен заштитатта со тоа што во рамката е вградена цврта заштита од титаниум.

Новитетот на овој телефон е Corning Gorilla Armor стаклото кое го штити екранот од гребнатини и овозможува уредот да изгледа убаво подолго време. Исто така, Galaxy S24 Ultra има ознака IP68 за отпорност на вода и прашина, така што може да издржи во свежа вода до метар и половина длабочина дури до 30 минути.

Овој модел доаѓа во прекрасни, софистицирани бои – титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта. Инспирирана од убавината на земјените елементи, секоја од овие бои е надополнета со нежен сатен за уште поспектакуларен изглед.

Неверојатни функции со вештачка интелигенција кај системот за камери

Дека Samsung Galaxy S24 Ultra е синоним за најдобрата камера на пазарот, докажува системот од 5 феноменални камери – широкоаголни камери од 200 MP, камера од 50 MP со 5x оптички зум и 10x оптички квалитет, ултра широка камера од 12 MP, камера од 10 MP со 3x оптички зум и селфи камера од 12 MP.

Со најмногу мегапиксели во еден смартфон и обработка со вештачка интелигенција, Galaxy S24 Ultra поставува нов стандард на квалитет со секоја слика што ја правите. Дополнително, новата ProVisual технологија препознава предмети и ги подобрува боите, го намалува шумот и го истакнува секој детал, па сите ќе ви позавидат на фотографиите кои изгледаат како да се направени од професионалец. Најдобриот Galaxy S24 Ultra заедно со останатите два модели од серијата – Galaxy S24+ и Galaxy S24 веќе се достапни за продажба кај нас.

Повеќе информации за моделот Galaxy S24 Ultra прочитајте на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

*Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung