Компаниите за производство и продажба на Qi безжични полначи по официјалните тестови, објавија дека корисниците би требало да почекаат со ажурирање на своите iPhone уреди на iOS 13.1. Оваа верзија на софтверот го забавува безжичното полнење од 10 вати на само пет, практично правејќи голем чекор назад за сите, кои своите iPhone 8 уреди, iPhone X, iPhone XS и iPhone 11 сакаат да ги полнат безжично.

Во пракса, полнењето ќе биде двојно побавно, што не е баш пофално, а Apple секако веќе работи на нова верзија на софтвер, со која ќе биде решен овој проблем, кој настанал веројатно случајно.

Apple дури на iPhone 8 серијата воведе безжично полнење од пет вати, за подоцна со iOS 12 верзијата да го зголеми на 7,5 вати, а потоа на iPhone 11 и на 10 вати.

GSMArena објави дека по грешка биле погодени речиси сите безжични Qi полначи, вклучувајќи ги и Apple моделите, а работат само некои модели на компаниите Belkin, Mophie и Anker, но сајтот не наведува за кои модели на полначи се работи.