Дали понекогаш ви се случило да се чувствувате незадоволни затоа што:

  • платата ви е мала и не ви ги задоволува потребите,
  • работата ви е стресна, здодевна или напорна, или
  • сте опкружени со луѓе кои не ве ценат доволно?

Ако длабоко во себе посакувате работите да бидат поинакви но немате идеја што да направите ниту пак од каде да почнете, не грижете се. Не сте единствени. Постои огромен број луѓе како вас кои се чувствуваат токму така.

Ако навистина се соочувате со ваков проблем, добрата вест е што го имаме решението.

Решението за вашиот проблем

Во основа, решението е многу едноставно и се вика преквалификација (или доквалификација). Тоа ќе ви помогне да ја замените работата за многу подобра и со тоа ќе го решите најголемиот дел од вашите проблеми.

Знаете, не сите професии се подеднакво барани ниту подеднакво платени. За некои  понудата на работна сила е преголема, платите се ниски, има многу малку слободни места а луѓето се третираат како потрошна роба. Од друга страна, постојат области кои се соочуваат со хроничен недостаток од квалификувана работна сила. Една од тие е и веб индустријата во која недостатокот е глобален а пропорциите на проблемот се огромни. Поради тоа, во оваа индустрија:

  • платите се натпросечно високи,
  • работата е креативна, а
  • луѓето се најголемата вредност.

Туку, можете ли за момент да си замислите како би ви изгледал животот со плата од на пример 50, 60 или 70.000 денари во Македонија? (Лично знам доста луѓе кои имаат плати и по 2-3.000 евра.) Колку тоа би ви го сменил начинот на живот? Како би се чувствувале да работите во некоја хај-тек канцеларија во стилот на Google, да уживате работејќи со колеги на креативни проекти, да одите со нив на платен тим-билдинг, стручни обуки и семинари во странство, да ви ги плаќаат вашите најомилени спортски активности и афтерворк забави, да имате премиум здравствено осигурување, и уште голем број други бенефиции?

Не, ова не е сценарио од некој филм. Постојат многу вакви фирми во Македонија за кои веројатно никогаш не сте чуле затоа што нивните клиенти се од развиените земји така што немаат никаква потреба да се рекламираат, освен можеби во огласниците за вработување. Голем број од нив се наши партнери. Нивниот најголем проблем е да најдат доволен број квалификувани кандидати. А, кога ќе ги најдат, се трудат на секаков можен начин да ги задржат.

Решението некогаш и сега

Како што веројатно до сега дознавте, Еверест се занимава токму со тој проблем – создавање квалификувана работна сила за потребите на работодавачите. Во изминативе години им помогнавме на илјадници студенти да ги остварат соништата. Порано, кога функциониравме како ИТ Академија Александрија, тоа го правевме на традиционален начин. Настава во училница, патување секој ден од дома до училница и назад, полагање испити, почеток на учебна година во октомври, ист распоред и исто темпо за учење за сите …

Но, сите луѓе не се исти па поради тоа, сега со Еверест работите ги правиме поинаку. Врз основа на искуствата од претходните 25 години создадовме сосема нова методологија на работа на која се темелат сите наши студиски програми и обуки – менторирано учење на далечина.

Како функционира сето тоа?

Во основа станува збор за учење на далечина со помош на ментори и нема да верувате колку сето тоа е едноставно, забавно и колку добри резултати може да даде.

Чекор 1: Предавања

Како и во случајот со традиционалниот пристап, и на Еверест учењето започнува со предавања. Разликата е во тоа што тие се однапред снимени, на македонски се и можете да ги гледате колку пати сакате, во било кој ден од денот. Како и секој друг видео клип и овие лекции можете да ги паузирате, премотувате напред или назад онолку пати колку ви е потребно се’ додека не научите. Пробајте истово да го направите со професор или инструктор во училница ? Да, невозможно е…

Чекор 2: Повторување

Она што од студентите се очекува е се’ што ќе видат во предавањата веднаш самостојно да го повторат користејќи ги истите алатки кои ќе ги користат кога еден ден ќе се вработат. Тоа помага работите да се сфатат подобро како и да се стекне рутина во пишување код.

Чекор 3: Применување на наученото

По ваквото загревање, следи главниот дел од учењето – работата на практични задачи или проекти. Целта на овој пристап е студентот да го примени претходно стекнатото знаење и преку самостојна работа да се стекне она што вреди суво злато – технички вештини.

Чекор 4: 1-на-1 онлајн консултации

Изработениот труд студентот го доставува до својот менторот и потоа се сретнува со него за онлајн, приватни, еден-на-еден сесии за консултации. На тој начин студентите добиваат фидбек за сработеното, совети за подобрување и помош за се’ што им е недоволно јасно.

Финале

На крајот од студиите, освен со диплома, студентите можат да се пофалат и со сопствено онлајн портфолио составено од нивни трудови кое е од клучна важност за следниот чекор – вработувањето.

Целиот текст можете да го прочитате на веб-порталот ЕВЕРЕСТ