Twitter соопшти дека блокирал околу 32.000 профили поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.

Сите овие профили се затворени, но нивната содржина се чува во база на податоци за да може да се користат за научни цели. Кинеската мрежа на сметки се користела за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, лажни теории за ситуацијата во Хонгконг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот.

Руските профили, пак, се утврдило дека служеле за рекламирање на владејачката партија и за напад на нејзините критичари. Како што информираат од Twitter, турските сметки биле користени за воздигнување на претседателот Реџеп Таип Ердоган.