Дали пребарувате информации за соседните и другите европски земји преку Google? Еве што покажува една интересна студија.

На платформата X се појави интересна мапа која покажува кои земји најмногу ги пребаруваат читателите на пребарувачот Google.

Според оваа карта во Македонија и Црна Гора најмногу се пребарува Србија. Мапата покажува и дека Србите најмногу на Google пребаруваат за Косово, додека Албанија е најгуглана на Косово.

Кога станува збор за регионот, Хрватите најмногу на Google пребаруваат за Германците, додека Словенците и Босанците сакаат да гуглаат за Хрватите. Во Албанија најмногу се пребарува за Италија, а во Бугарија се гугла Турција.

Поголемиот дел од остатокот од Европа е претежно опседнат со Соединетите Американски Држави, Германија или Русија.

Од најголемите земји во Европа, Франција е најгуглана во Италија и Шпанија, Турците и Грците се опседнати со Германија, како и Унгарците, Австријците, Полјаците и Романците.

САД се главна тема во Русија, Германија и Франција, додека Русите се главна тема за пребарување на Google во Украина, Чешка и Словачка.