Кинеското вселенско летало Tianwen-1 успешно слета на Марс, а за тоа да се одбележи, кинескиот производител на смартфони Oppo претстави специјален паметен телефон.

Ова е специјално издание на моделот Find X3 Pro, под име Find X3 Pro Mars Exploration Edition. Моделот доаѓа со футрола во нова сива нијанса, што претставува петти избор во палетата со претходните сина, бела, сјајна црна и нијансата Cosmic Mocha.

Новата нијанса на сива боја е инспирирана од вселената, а задниот панел е изработен од AG Glass и има метален сјај за да се постигне текстурата на материјал од вселената. На задниот панел се врежани натписите Mars 2021 и Utopia Planitia, што е името на местото за слетување на вселенското летало Tianwen-1 на Црвената планета.

Find X3 Pro Mars Exploration Edition исто така доаѓа со три Mars филтри во боја кои прават фотографиите направени на Земјата да изгледаат како фотографии направени на Марс.

Специјалната верзија на паметниот телефон има и посебна Марс тема, а динамичните позадини покажуваат изгрејсонце и зајдисонце, промени на светлината и сенката на Црвената планета во четири различни времиња, наутро, напладне, навечер и ноќе.

Паметниот телефон се продава во специјален пакет, а за разлика од стандардната верзија, овој се продава само во една конфигурација, односно со 16 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија.

Другите спецификации не се променети, уредот се напојува со процесор Snapdragon 888 на Qualcomm, има 6,7-инчен QHD + LTPO AMOLED екран со брзина на освежување од 120Hz, користи оперативен систем Android 11 и се напојува со батерија од 4.500 mAh која поддржува 65W жично и 30W безжично полнење.

Паметниот телефон доби вкупно пет камери, предната е селфи камера од 32 MP поставена во перфориран исечок на екранот, додека задната страна е главна камера од 50, ултра широк 50, телефото од 13 и микроскоп од 3 MP. Смартфонот на Oppo ќе се продава по цена од 895 евра.

Извор: Klix.ba