Новиот додаток за iPhone се прикачува на телефонот преку приклучокот и не го покрива екранот.

Компанија од Велика Британија наречена Clicks претстави додаток за iPhone за време на CES 2024 во Лас Вегас, и ќе им се допадне на оние кои ги сакаа BlackBerry телефоните.

Станува збор за заштитна маска, која е и целосно функционална физичка тастатура, која може да се постави на iPhone доколку сакате искуство базирано на допир.

Делот со тастатурата се наоѓа на дното на маската и не покрива ниту еден дел од екранот, туку само задниот дел и рабовите на уредот. Наместо тоа, ја зголемува должината на телефонот.

Тастатурата се поврзува со iPhone преку Lighting или USB-C портот, во зависност од моделот што го имате и овозможува нормално полнење на уредот. Нема Bluetooth конекција, но и не се напојува од батерија, па не треба да се полни.

На овој додаток, можно е да се промени позадинското осветлување, доколку сакате да го користите во текот на денот или во темница, а нуди и голем број кратенки на тастатурата

Додатокот Clicks за iPhone е достапен за претходна нарачка, по цена од 139 долари, а испораката започнува на 1-ви февруари.