Xiaomi официјално потврди дека својот Mi Pad 5 таблет ќе го претстави на 10. август. Компанијата досега не откри премногу детали за уредот.

Фотографијата објавена на сајтот Weibo открива дека Mi Pad 5 ќе има поддршка за стајлус, но не е познато дали паметното пенкало ќе биде дел од пакетот.

Од фотографијата може да се заклучи и дека таблетот има рамни рамки, додека антената од страна покажува поддршка за LTE / 5G конекција.

Се очекува Mi Pad 5 серијата ќе ја сочинуваат три таблет уреди: Mi Pad 5, Mi Pad 5 Lite и Mi Pad 5 Pro. Сите три уреди би требало да имаат 10,9-инчен IPS LCD екран, со брзина на освежување од 120Hz.

Гласините сугерираат дека стандардните и Pro моделите ќе користат Snapdragon 870 чипсет, додека Lite варијантата ќе ја покренува Snapdragon 860.

Покрај Mi Mad 5 линијата таблет уреди, се очекува дека Xiaomi на 10 август ќе го претстави и Mi Mix 4 телефонот.