Албанскиот парламент извести дека вчера претрпел сајбер напад и дека хакерите се обидувале да пристапат и да ги избришат податоците на парламентот.

„Затоа работата на парламентот беше привремено стопирана“, известија тие, пишува Еј-би-си Њуз.

Во соопштението за печатот се наведува дека вчерашниот сајбер напад не стигнал до системски податоци, додавајќи дека експертите работат на откривање на последиците што може да ги има нападот.

Локалните медиуми објавија дека давател на услуги за мобилна телефонија и авиокомпанија биле исто така цел вчера во сајбер напад на хакер со седиште во Иран наречен Homeland Justice.

Оваа информација не може да се потврди независно.