Во Словенија е снимено интересно видео на кое се гледа првата испорака на бурек во Љубљана со помош на дрон.

Неодамна, во раните утрински часови, дрон наречен OneDrone го прелета главниот град на Словенија и достави бурек од „Бурек Олимпија“ до Љубљанскиот замок.

На местото на испорака бурекот го примил градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ.

Летот со дрон, од Баварската палата до дворот на замокот траеше помалку од две минути.

Идејното решение на овој проект е дело на фотографот и режисер Алеш Бравничај.