Најдобриот совет што ќе го добиете за да не бидете хакирани, е да ги избегнувате отворените бесплатни wi-fi мрежи. Штетата која што била предизвикана во 2017-та година изнесувала околу 3.6 милиони долари по злоупотреба. Најчеста грешка била што вработените во компаниите користеле јавни wi-fi мрежи за да се конектираат кон службените компјутери.

Криминалците заработуваат искористувајќи ги стандардните начини на користење на технологијата од страна на корисниците, па паметните телефони станаа нова мета. Значителен е процентот на компаниите кои се свесни и загрижени за ваквата закана. Околу 57 проценти од бизнисите во САД изјавија дека се плашат дека нивните вработени кои работат од далечина можат да бидат хакирани, а дека токму зголемениот број на мобилна работна сила ќе го зголеми ризикот за хакирање.

Истражувањата покажуваат дека не постои географско ограничување, па компаниите од европскиот континент, од САД, Азија и Блискиот Исток се подеднакво засегнати од овој проблем. Од компанијата Check Point Software објавија дека дури 100% од мобилните уреди кои се користат во бизнис цели се подложни на хакерски напади.

Според оваа компанија, минатата година бил документиран случај во кој дури 5 милиони Android уреди биле инфицирани со софтвер кој со еден клик ги инфицирал уредите.